Малески: Следуваат ли санкции од САД за претседателката и новата влада?

news
Advertisement

Малески: Следуваат ли санкции од САД за претседателката и новата влада?

Advertisement

Иако со неупотребувањето на зборот „Северна“, претседателката Гордана Силјановска-Давкова остана доследна на својот збор од изборната кампања и несомнено ги освои срцата на големиот дел Македонци, сепак кај оние граѓани кои се свесни за последиците од ова, предизвика кревање на веѓите – пишува Денко Малески, универзитетски професор во пензија и поранешен колега на Силјановска-Давкова на Правниот факултет при УКИМ
Универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески, во колумна за порталот „Либертас“, пишува дека со својата постапка, не искажувајќи го новото уставно име, туку само „Македонија“, новата претседателка ги скршила стаклените нозе на Преспанскиот договор и дека иако кај поголемиот број Македонци предизвикала позитивна реакција, сепак, кај оние граѓани кои се свесни за тоа какви последици носи овој потег, предизвикала кревање на веѓите.

„Тоа беше момент на пркос против неправдата која, согласно меѓународното право, ѝ е нанесена на една држава која под притисок на друга мораше да го смени уставното име. Кажано од позиција претседател, тоа беше и повик до граѓаните и до вработените во државната администрација, да го следат нејзиниот пример“,

вели Малески.
Но, со одбивањето да ги изусти целосните зборови на заклетвата кои беа кажани од претседателот на Собранието и одбивањето да го користи уставното име на земјава, според Малески, таа ѝ објави војна на Грција, кршејќи ги стаклените нозе на Преспанскиот договор со најважната точка за јужниот сосед – именувањето на нашата држава.

„Следи грчка реакција која, како и секогаш, најдиректно граѓаните ќе ја почувствуваат на граничните премини, а владата во влошените меѓудржавни односи со Грција“,

вели тој.
Кога станува збор за нејзиниот говор, професорот пишува дека не слушнал ништо суштинско за функцијата претседател во домашната или во меѓународната политика. Малески заклучува дека по говорот на новата претседателка Силјановска-Давкова, земјава сега има два фронта нa кои ќе треба да го брани достоинството – со Бугарија и со Грција, и се надева дека таа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаат излезна стратегија од оваа ситуација.

„Конфронтација со две држави членки на ЕУ, ќе ја фрли нашата држава без излез на море, со комплексна етничка структура и со сиромашна економија, во крајно неповолна положба. Не може да се очекува поддршка и од оние кои вршеа притисок врз двете страни да го потпишат Преспанскиот договор, имено Америка, но и Европа и ОН. Напротив. Во обид да не бидеме однесени од бранот на популистичкиот национализам, канцеларијата на американскиот претседател издаде наредба за санкции против оние кои работат против Преспанскиот договор, заедно со Охридскиот и оној со Бугарија. Значи ли тоа санкции за претседателката и за владата на Македонија“,

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.