Османи: Јас живеам само од плата и мислам дека не е за фалење кога политичарите ќе кажат „не ми е важна платата“

news
Advertisement

Министерот за надворешни работи Бујар Османи говорејќи за најавата за корекција на платите за функционерите и пренасочување на дел од средствата за антикризни мерки за најранливите категории граѓани, вчера изјави дека живее само од плата која му е важна, но во време на инфлација приоритет треба да им се даде на граѓаните.

Advertisement

Не мислам дека е за фалење кога политичари велат не ми е важна платата, затоа што тоа е како да кажуваат дека не живеат само од плата. Јас живеам само од плата и ми е важно и мислам дека платата влијае на квалитетот на луѓето кои што се воопшто се решаваат да се вклучат во политиката, рече Османи на прес-конференцијата со австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон.

Тој додаде дека во овј случај разбира оти приоритет треба да бидат лицата со минимални плати.

Мислам тоа е клучно и ако ни дојде редот на нас во ред, ако не приоритет, се тие граѓани во ова време на инфлација и на поскапување и треба да им се посвети внимание, додаде Османи.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера најави дека се работи на решение за платите на функционерите, кое нема да биде предмет на поништување на Уставниот суд.

Носење на решение кое го прекршува системот за плати, во јавниот сектор, ќе значи веднаш реакција. Вчера е отворена дискусија како треба да изгледа моделот. Министрите ќе работат за да дојдат до решение – се сака да се постигне усогласување на платата на поприфатливо ниво, а истовремено да биде издржливо. Во наредните недела или две, ќе излезат со решение кое ќе биде на седница на Влада, па после тоа испратено во Собрание – изјави Ковачевски.

Вицепремиерите и министрите во вторникот на владина седница не донесоа конечна одлука како да ги намалат функционерските плати, а Ковачевски, не присуствуваше на седница поради настан во Тирана. Тој најави дека за недела-две ќе има решение, без да споменува можни коефициенти и бројки.

Од 21 март со одлука на Уставниот суд пратениците, судиите, обвинителите, избраните и именуваните функционери, градоначалниците, директорите на разни фондови, агенции и државни фирми имаат зголемена плата и до 78 отсто.

Оваа одлука предизвика жестоки реакции во јавноста, а Владата најави дека во најскоро време ќе се најде начин да се намалат зголемените плати.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.