Маричиќ: Само прогресивците можат да обезбедат поодржлива, поправедна и побезбедна Европа

news
Advertisement

„Само прогресивците можат да обезбедат поодржлива, поправедна и побезбедна Европа. Денеска во Малага започна Конгресот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) на кој дискутиравме за решавање на клучните предизвици со кои се соочуваме, како што се меѓународната безбедност, економската криза, климатските промени и социјалните прашања“ напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот профил на Фејсбук.

Advertisement

Тој посочи дека СДСМ активно учествува и придонесува во суштински дискусии за иднината на Европа, фокусирајќи се на прогресивните вредности, зелената транзиција и заштитата на демократијата и информираше дека Конгресот на ПЕС се одржува во време на големи предизвици за Европа и непосредно пред одржувањето на европските избори. Обединето е нашето политичко семејство и сите сме зад нашата прогресивност и визија за Европа.

„Европа во водство: прогресивни решенија за глобалните предизвици“ е слоганот под кој ПЕС ќе ги постави политичките приоритети за заштита на граѓаните од претстојните транзииции, промоција на демократијата и родовата еднаквост, како и враќањето на лидерската позиција на Европа во светот. Заеднички ја обликуваме насоката на Европа во подготовките за претстојните европски избори“, потенцираше Маричиќ.

Тој упати честитки до претседателот на ПЕС Штефан Левен за неговиот заслужен реизбор. Неговото цврсто лидерство е пример за вредностите кои ја потврдуваат нашата визија за поинклузивна и одржлива Европа.

„Голема е улогата и на нашата другарка и членка на СДСМ, Радмила Шекеринска како потпретседателка на ПЕС, што е потврда за нашиот активен ангажман во европската политичка арена и нашата посветеност на унапредување на социјалдемократијата. Во соработка и партнерство со Party of European Socialists, остануваме верни на прогресивните политики кои ефективно одговараат на овие предизвици, придонесувајќи за просперитетна и правична иднина“, заклучи Маричиќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.