Вељаноски: НАЈЛОШИОТ, НАЈНЕГАТИВНИОТ Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата,

news
Advertisement

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски утрово преку соопштение до медиумите, испрати свој коментар за најновиот извештај на ЕУ за Македонија. Тој вели дека ова е најлошиот, најнегативниот извештај кој досега го добила земјава.

Advertisement

Прави и одредени споредби, како што ги класифицира тој, за време на режимот до 2017 година и за време на хибридниот режим од 2017 година до денес.

За време на “режимот“ до 2017 година

За време на хибридниот режим од 2017 година до денес

За време на “режимот“ законите со ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ беа закони со кореспондентни табели и никогаш Комисијата за европски прашања не беше матично тело, туку заинтерсирано тело и даваше само мислење.

Никому му нема паднато на ум, а камо ли да се дрзне и да го злоупотреби европското знаменце, да го девалвира и да го прави предмет на потсмев.

Злоупотребата на акони со европско знаменце е измислица на оваа власт.
Злоупотребата на европското знаменце започна од почетокот на 2018 година со вонделовничко донесување на Законот за употреба на јазиците.

По што на секој проблематичен закон му лепеа европско знаменце и Комисијата за европски прашања противуставно ја направија втор законодавен дом.

ИЗВЕШТАИ на НЕЗАВИСНИТЕ РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА беа разгледувани на пленарна седница веднаш откако ќе беа добиени и беа гласани со соодветни заклучоци. Извештаите на независните регулаторни тела или воопшто не се разгледуваат или се ставаат а разгледување после две години кога истите се беспредметни за расправа.
ЗАКОНИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа разгледувани на пленарна седница, во деловничкиот рок, најдоцна до месец дена. Закони предложени од опозицијата (колку и да беа) воопшто не се разгледани, вонделовнички стојат ’замрзнати’ во собранискиот фрижидер.
Секоја поднесена ИНТЕРПЕЛАЦИЈА била процесуирана согласно Деловникот на Собранието. Колку ИНТЕРПЕЛАЦИИ доживеаја прекршување на деловничките рокови и процеури!?
ИНФОРМАЦИИ ПРЕДЛОЖЕНИ од ОПОЗИЦИЈАТА беа ставани на Дневен ред, дискутирани и разгледувани на секоја втора седница. Информации предложени од опозиција (колку и да беа) воопшто не се разгледувани.
На редовната понеделничка КООРДИНАЦИЈА се договараше неделен распоред за пленарни седници и комисии, како придобивка од Вестминстер проектот. Нема никаков договор на понеделничката Координација.
ИЗВЕШТАЈОТ на ЕУ за НАПРЕДОКОТ на РЕПБЛИКА МАКЕДОНИЈА беше дочекуван со најголема сериозност, разгледуван на пленарна седница и со консензус гласани Заклучоци предложени од Националниот Совет. Извештајот на ЕУ за напредок на РМ или не е разгледуван или со година дена задоцнување и без усогласени Заклучоци од Националниот Совет.
Е-Парламентот, за пример на светско ниво, целосно функционален, со стенографски белешки од пленарните седници од 1990 година, со видео записи од пленарните седници од 2002 година. Е-парламент нефукционален, со стенографски белешки и видео записи од 2008 година, со неприфатливо и неиздржано оправдување за процес на мигрирање на податоци кој необјасниво трае повеќе од година дена.
За време на мандатните периоди од 2008-2016 НЕЗАВРШЕНИ СЕДНИЦИ – 12 и НЕЗАВРШЕНИ ТОЧКИ – 20. За време на мандатниот период 2017-2023 незавршени седници – 58 и незавршени точки – 479.

Сето нотирано погоре, меѓу останатото, резултираше со, за жал, НАЈЛОШИОТ, НАЈНЕГАТИВНИОТ Извештај на ЕУ за напредокот на Република Македонија во историјата, во делот на функционирањето на законодавната власт и работењето на Собранието на Република Македонија!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.