Марија Шарапова непрепознатлива , што си направила со лицето?

news
Advertisement

Една од најубавите спортистки во светот, поранешната руска тенисерка Марија Шарапова (36) сподели фотографии од себе на Модната недела во Париз, а со својот изглед ги шокираше следбениците.
На фотографиите Марија позираше во фармерки и тексас кошула, кои ги комбинираше со црна ташна и чевли. Многумина во коментарите на нејзиниот инстаграм-профил порачаа дека таа многу се променила, па дури и дека е непрепознатлива.
„Господе, дали навистина е ова Марија? Невозможно. Што и е со нејзиниот нос?“; „Не те препознав, си го уништи изгледот“; „Не, ова не си ти“; „Ми недостига старата, природна Марија “; „Што ти се случи?“, „Што си направила со лицето?“, беа само дел од коментарите на загрижените обожаватели.
Потсетуваме, познатата атлетичарка веќе подолго време живее во САД, а на 1 јули 2022 година стана мајка и на свет го донесе синот Теодор, кој го доби со својот вереник, британскиот милионер Александар Гилкс.

Advertisement

Таа го освои Вимблдон во 2004 година кога имаше само 17 години, а две години подоцна го освои и УС Опен. Таа го освои Австралија опен во 2008 година, а во 2012 и 2014 година го освои Ролан Гарос. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година таа освои сребрен медал. По повлекувањето од тенисот, таа лансираше свој брен, кој нуди секакви слатки и бонбони во повеќе од 20 земји низ светот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.