Марија Шерифовиќ со кислородна маска: Пејачката ги загрижи своите фанови

news
Advertisement

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ ги загрижи своите следбеници со нова објава на социјалните мрежи. Имено, Марија на својот инстаграм – профил објави кратко видео на се гледа дека пејачката држи маска за кислород додека лежи во темна просторија.

Advertisement

По објавата на оваа пејачка, многу нејзини обожаватели се загрижија за нејзиното здравје, а многумина ја прашаа дали е се во ред.

Да потсетиме, Марија Шерифовиќ неодамна се најде во центарот на вниманието по нарушување на јавниот ред и мир во нејзиниот роден град. На „Твитер“ се прошири видео од српската пејачка како вика и удира со тупаници по својот автомобил среде Белград, расправајќи се со непознато лице.

Покрај неа на видеото се гледа и една жена која се обидува да ја смири.

Имено пејачката си ја повредила раката удирајќи во автомобилот. Неколку дена по инцидентот кој се случил ноќта меѓу 8 и 9 август, Марија на настап се појавила со рака во завој. Иако тогаш тврдеше дека се повредила додека ѝ помагала на мајка си, српските медиуми пишуваат дека повредата настанала кога со раката удрила во автомобилот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.