Мароканец ГО ИСПРСКА РОНАЛДО, па доби казна од Катарците поради што ќе жали цел живот… (ВИДЕО)

news
Advertisement

Навивач на Мароко го испрска Роналдо со вода, па доби казна од Катарците поради што ќе жали цел живот….

Advertisement

Само мала човекова глупост може да ве чини остварување на сон – овој пат да ја следите вашата селекција, со веќе купени билети, на настап на Мундијал, на пример.

Навивач на Мароко ќе жали цел живот што си дозволи да го испрска со вода Кристијано Роналдо додека се движеше кон клупата за резерви пред почетокот на четвртфиналниот натпревар меѓу Португалија и Мароко, а сето тоа го забележаа и фоторепортерите.

Очигледно сакаше да биде „херој“ меѓу своите со еден таков потег, но не ни насетуваше со каква казна ќе се соочи затоа што редарите ја забележаа неговата постапка и одлучија да реагираат. Редарите веднаш му пријдоа на навивачот кој веќе се расправаше со поединци кои седеа покрај него а кои му реагираа за таквата постапка.

На крајот навивачот веднаш беше изнесен надвор од стадионот, што го остави во шок, притоа поради непромислена глупост пропуштајќи го историскиот натпревар на својата репрезентација. Но, немаше избор па, онака лут, испратен од обезбедувањето беше изнесен надвор од стадионот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.