Маски со пораки на Вевчанскиот карневал – „Летаме за ЕУ“, „Фашистичка Бугарија и фашистичка Европа“

news
Advertisement

Продолжува традицијата на Вевчанскиот карневал. Маските, музиката и танците преовладуваат денеска и утре во ова село.

Advertisement

Преку маските и транспарентите ја критикуваат политиката, феномените и настаните изминатава година. Една од маските беше импровизација на лет со натпис “Летаме за Европа“.

Секоја маска имаше своја порака.

Градоначалникот на општина Вевчани вели дека целта на карневалот е преку маските да ја потсетат владата како изгледала изминатата година.

Присутен на карневалот беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој повторно побара од премиерот Димитар Ковачевски да излезат и да се соочат на избори.

За Вевчанскиот карневал пишаните извори сведочат дека датира од 1460 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.