Мајка предупредува: Популарната „Хаги Ваги“ играчка е морничава, а играта повикува на смрт!

news
Advertisement

Најнова тренд-играчка меѓу децата е „Хаги Ваги“, која освен на на тезгите и низ продавниците на познатите летувалишта, пристигна и во македонските продавници.

Advertisement

Овој лик, како кафифена играчка, на чанти, прибор, балони…за кратко ги освои децата и родителите.

Но, една мајка предупредува дека зад овој лик на Хаги всушност се крие нешто многу морничаво.Нејзината порака ви ја пренесуваме во целост:

-Дали сте запознаени со популарната хорор играчка Huggy Wuggy? Гледам, ги има многу во кинеските продавници, а родители со деца кои копаат по играчки од хорор чудовишта, ги купуваат. Неодамна ја забележав оваа не толку привлечна „играчка“ и решив да истражувам на интернет за да откријам што се крие зад неа.

Значи, се работи за лик на чудовиште од хорор игра, т.н. Huggy Wuggy, што предизвика огромен интерес кај децата, а родителите, сосема јасно, му ја исполнуваат желбата на детето бидејќи „изгледа многу слатко“.

Мене лично ми изгледа морничаво. Премногу морничаво. Одвратно.

Во позадината на играта има песна, чиј текст повикува на смрт.

Играчката има сошиено велкро на рацете за да може со рацете да го „гушка“ детето околу вратот и да го обеси на неа со соодветната реченица од песната „гушни ме додека не умрам, гушни ме додека не умреш“.

Гледам деца како го носат ова чудовиште околу вратот. Тие одат со своите родители и играчка-чудовиште околу вратот.

Таман кога помислив дека не може да биде полошо, гледам, а освен тоа слушам дека имало смртни закани меѓу децата во градинките.

Луѓе, родители! Грижете се за вашите деца. Другите деца на кои не им е сè достапно, кои се исфрлени од такви ужаси, ќе мора да страдаат поради децата на кои им е дозволено тоа и којзнае што.

Вие воспитувате деца кои треба да бидат здрави во секоја смисла.

Немојте да ви биде “слатко” нешто толку морничаво“ – порача оваа мајка во однос на најновата тренд-играчка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.