МВР: Онлајн закажување термин за лични документи

news
Advertisement

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/ која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Advertisement

Во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“, се појаснува во соопштението од МВР, граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, се додава, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк:
https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.