МДС: Со кое право Османи брцна во џебовите на вработените во МНР и на секој вработен одзема најмалку 4.000 денари?

news
Advertisement

Македонскиот дипломатски синдикат го подига својот глас против самоволието и дискреционото одлучување за висината на регресот К-15 од страна на Министерството за надворешни работи, нешто што не е негова ингеренција. Принудени сме да се обратиме до јавноста, бидејќи министерот Османи продолжува со старата пракса на игнорирање на прашањата на вработените, искажувајќи целосно непочитување за нивниот интегритет и дигнитет“. Овие пораки ги испраќаат од Македонскиот дипломатски синдикат во соопштение до медиумите.

Advertisement

„Пред десетина дена МДС интерно упати прашање до министерот Османи на кој начин и по кој критериум во последните денови на минатата година беа исплатени 9000 денари на име на К-15. Согласно законската регулатива и колективните договори, Регресот К-15 треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечниот личен доход во државата. Во септември и октомври минатата година, просечната плата изнесуваше повеќе од 32.500 денари, што значи дека требале да бидат најмалку 13.000 денари“, велат од МДС

Оттаму прашуваат:

„Јавно бараме одговор од министерот Османи зошто и со кое право МНР брцна во џебовите на вработените и од секој вработен одзема најмалку 4000 денари?

Кој ќе понесе одговорност за неовластеното одземање срества што им припаѓаат на вработените? Потсетуваме дека просечната плата во МНР последните десетини години не е сменета од 27000 денари, која во меѓувреме инфлацијата ја има преполовено како куповна моќ“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.