Меѓународна вежба за пожар на отворено по реално сценарио во село Кучково

news
Advertisement

До 22 март во село Кучково ќе се одвива вежба за пожар на отворено по реално сценарио, а во присуство на меѓународни служби од цивилна заштита.

Advertisement

Станува збор за меѓународна вежба на полигон која се одржува секоја година во различни држави и е со многу сериозен пристап од страна на сите вклучени страни, известува општина Ѓорче Петров.

Годинава, организацијата е на Дирекцијата за заштита и спасување и на Република Македонија како член на Меѓународниот механизам за заштита и спасување.

„Имав можност да бидам домаќин на средба во Општина Ѓорче Петров со претставници од сите присутни меѓународни служби од цивилната заштита. Акцентот на разговорите беше ставен на вежбата, но стана збор и за слични проекти кои би можеле да ги реализираме во иднина, а се од особено значење за заштита на природата и природните ресурси“, вели Стојкоски.

Кучково е одбрано како локација токму поради тоа што е регион со густа борова и дабова шума која за жал, честопати е мета на пожари, најчесто предизвикани од човечки фактор. Службите од Република Словенија се присутни со две тешки возила за гасење пожар, Република Турција со три тешки возила и два авиони, Република Србија и Република Црна Гора со по две тешки возила, Република Босна и Херцеговина и Република Албанија со по едно тешко возило и Република Косово со лесни возила. Покрај тоа, сите држави се присутни и со лесни возила за непристапен терен, додава Стојкоски.

„За навремено и брзо да се справиме со евентуалните пожари кои се зачестени во летниот период, вежбата која се одржува во Кучково е одлична подготовка за огнените стихии кои можат да бидат и фатални по локалното население. Во случај на евентуален пожар, сите регионални служби ни стојат на располагање со човечки фактор и механизација.

Благодарност до сите присутни и организаторот за заложбите и сериозниот пристап во однос на вежбата која е реална подготовка за она што може да следува“, вели Стојкоски.20 март, 2024Од А. O. / Макфакс

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.