Медиумите го објавија идентитетот на полицаецот кој вечерва беше убиен во полициска станица од 15 годишно момче во Босна

Медиумите го објавија идентитетот на полицаецот кој вечерва беше убиен во полициска станица од 15 годишно момче во Босна

news
Advertisement

Advertisement

Малолетник (15) ја нападнал полициската станица во Босанска Крупа и убил полицаец, а еден тешко ранил. Наводно, како што објавуваат вечерва босанските медиуми, убиен е Огњен Маран од Босански Нови, додека Авдо Хасановиќ од Босанска Крупа е ранет и тој е пренесен во кантонската болница „Д-р Ирфан Љубијанкиќ“ во Бихаќ. – Со ладно оружје, нож, ги избодел и есниот и другиот полицаец. Едниот подлегнал, другиот се уште е на обработка во Кантоналната болница. Сторителот на ова страшно злосторство е лишен од слобода. По истражните дејствија ќе можеме да кажеме повеќе за овој настан, како и за мотивот на нападот – изјави за порталот „Аваз“ Аднан Бегановиќ, портпарол на МУП на УСК. На терен излегле припадници на Специјалистичката единица, поголем број припадници на униформираната полиција, како и инспектори на МУП на УСК.

Advertisement