Меџити: Неопходна е темелна и непристрасна истрага на Клиниката за онкологија, никој не смее да ги заштити или да ја манипулира истрагата

news
Advertisement

Министерството за здравство тесно ќе соработува со органите на истрагата за расчистување на случајот со злоупотреба на терапија за болните на Клиниката за онкологија, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес конференција свикана за овој случај. Според него неопходно е да се изврши темелна и непристрасна истрага.

Advertisement

Тој рече дека никој од здравствениот систем не смее да ги заштити оние што се вклучени во овие криминални дејства и дека будно ќе следат за да не се случи поединци да ја манипулираат истрагата.

-Длабоко ме погоди и разгневи случајот на Клиниката за онкологија за кој ОЈО покрена истрага за сторено кривично дело. Клиниката за онкологија како што знаеме сите е институција која треба да служи како светилник за надеж на нашите болни. Овој случај мора целосно да биде расчистен во накус рок, изјави Меџити.

Меџити ги повика сите здруженија на пациенти, поединци или групи кои имаат информации за овој случај да се обратат до Министерството за здравство или до органите на прогонот за да помогнат овој случај што побрзо да се заврши.

-Го разбирам гневот и фрустрацијата што овој се уште докрај не истражен случај ја предизвика кај нашите граѓани особено кај оние директно погодени. Ќе направам се што е во моја моќ да се расчисти овој случај, да се утврди и санкционира одговорноста за секој за кого ќе се докаже дека има удел во овој вид злосторство. Ќе создадам услови за никогаш да не се повтори, изјави Меџити.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.