Меџити: Обезбедени сензори за континуирано и безболно мерење гликемија кај децата

news
Advertisement

Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска ја посети УК за детски болести по повод доделувањето бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1, слепи лица, а останатите сензори ќе бидат доделени на Универзитетската клиника за ендокринологија.

Advertisement

„Драго ми е што конечно се набавени сензори за безболно мерење гликемија. Наместо вообичаени боцкања, процедура која е болна, создава и трауми кај децата, сега гликемијата ќе им се мери со помош на сензорите, следејќи ја најновата технологија. Со ова значајно го зголемуваме квалитетот на животот на децата. Како и во другите земји во светот, наша обврска како Министерство за здравство е да обезбедиме што подобра грижа за малите пациенти кои треба да пораснат во здрави личности“, истакна Меџити.

Инаку, употребата на сензорите има повеќекратни придобивки. Пред се, овозможува постигнување и одржување на гликемијата во секое време, превенирање на компликации од дијабетесот, оптимизирање на способноста за учење кај младите луѓе со дијабетес, а исто така се овозможува родителите да ја мерат ноќната гликемија на децата без да мора да ги разбудат. Воедно, системите алармираат и превенираат акутни сосотојби кај дијабетесот како хипогликемија и хипергликемија. Сензорите се едноставни за употреба, се поставуваат на надлактицата и гликемијата се мери со електронски уред или со мобилен телефон.

“Како министер за здравство и во следниот период ќе се залагам најсовремените начини за третман на дијабетес да бидат достапни за нашите пациенти, бидејќи кога станува збор за пациент со дијабет, треба да имаме предвид дека станува збор за начин на живот£, посочи министерот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.