Милевски: Во Бугарија не ни ја исвиркуваа химната, да бидеме коректни и ние

news
Advertisement

Утрешниот меч меѓу Македонија и Бугарија доаѓа во период на политичка тензија меѓу двете држави, нарушените односи може да бидат видливи и на трибините, па селекторот Благоја Милевски повика на фер и коректна атмосфера.

Advertisement

Во Разград немаше инциденти, тој потенцираше дека немаше ниту исвиркување на нашата химна, па побара утре да биде така и во Скопје.

„Да бидеме јасни, политиката на страна, ние сме спортски работници и не интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Јас по дуелот во Бугарија се заблагодарив на домаќинот за дочекот, а од наша страна ќе биде вратено тоа тука. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата дека гледаме само на спортот.Во Бугарија немаше свирежи на нашата химна. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна“, изјави Милевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.