Милиони луѓе во Мексико, САД и Канада го чекаат целосното затемнување на Сонцето

news
Advertisement

Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето.

Advertisement

Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си.

Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.

Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико.

Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји.

Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.