Милков: Ако цар Борис Трети е проблем, Тито е уште поголем

news
Advertisement

Бугарија е Европска Унија и додека преговара со ЕУ, Република Северна Македонија преговара со Бугарија, вели министерот за надворешни работи во службената влада во Софија, Николај Милков.

Advertisement

„Не сакам да го коментирам тоа што се дозна од медиумите дека го кажал Стево Пендаровски, бидејќи не би требало да коментирам медиуми. Сакам да дадам неколку принципиелни коментари за системски прашања во односите. Се надеваме дека извршните органи во РСМ ќе ја гарантираат безбедноста во државата, вклучително и на луѓе со бугарска етничка и национална самосвест таму“,

рече Милков во врска со изјавата на претседателот Пендаровски дека не би ја посетил Бугарија ако требало да се разговара за историски прашања.

„Преку медиумите стигна теза дека РСМ нема да преговара со Бугарија, туку ќе преговара со ЕУ. За жал, можеби овој дефект го имаме и кај нас во последно времe, но Бугарија е ЕУ. Кога преговараат со ЕУ, преговараат со Бугарија. Нашите барања се вклучени во преговарачката рамката и Бугарија во секоја фаза има можност да има свое мислење за тоа како се спроведува оваа преговарачка рамка“, вели Милков.

Тој дополни дека „ние исто не преговараме за историја, туку работите се оставени во рацете на комисиите“. Тие треба да утврдат кои се историските факти и историските вистини, изјави службениот шеф на бугарската дипломатија.

Тој посочи дека дипломатијата е покомплицирана од фудбалската игра и дека во дипломатијата може да има две победнички страни што е, всушност, стремежот.

„За жал, во дипломатијата, за разлика од фудбалот, може да има и две поразени страни и ние не треба да бидеме таму. Тоа се работите што треба да се осмислат од оние што зборуваат и се искажуваат. Многу би ми било жал доколку претседателот Пендаровски искажал такви мислења, бидејќи ова доаѓа еден ден откако тој беше тука и претседателот Радев направи се што е можно преку ЕК – ако е можно ЕК да помогне бидејќи има рестриктивни прописи, но да помогнеме со некое финансирање, да може да го задоволиме барањето на РСМ за евтина струја што ја бараат од нас. Претседателот Радев цел ден иамше шатл-средби, одржа 6 состаноци во еден ден, ден и половина во врска со решавањето на ова прашање и за нив“, рече Николај Милков.

За бугарскиот клуб „Цар Борис III“ кој треба да се отвори во Охрид, тој го рече следново: Добро е да се одмеруваат реакциите, добро е да се биде ладнокрвен, да се размислува пред да се зборува и да се решаваат работите прагматично во тоа што го обезбедува нашиот договор за добрососедство.

Според Милков, ако името цар Борис Трети е проблем, тогаш гимназијата во Скопје што го носи името на Јосип Броз Тито е многу поголем проблем.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.