Милошоски: Се согласуваме со Ескобар дека Македонија треба да напредува кон ЕУ, разликите се во тактиката како тоа да се постигне

news
Advertisement

Ескобар, како што рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, го поставил прашањето дали има подготвеност кај македонските пратеници да гласаат за уставните измени, на што му било одговорено дека пратениците веќе ја изразиле својата волја по ова прашање на пленарната седница на 18 август
Во врска со пораката што заменик-помошникот државен секретар на САД ја испрати од прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски, дека САД ги гледаат како природни партнери оние кои се посветени на евроинтеграциите и борбата против корупцијата, Милошоски во вечерашното гостување во дневникот на ТВ Сител дипломатски одговори дека оваа изјава ја „препознаваме како една искрена порака за еден сериозен однос помеѓу две партнерски држави и тоа е нашата цел, Македонија да биде понапредна држава“. Првиот предуслов за тоа, рече, се избори и „потоа заеднички и со пријателите од Вашингтон и со пријатели од Европската Унија да работиме на сериозни проекти“
Денешната средба меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар била пријателска и на неа биле разменети многу аргументи, рече пратеникот, член на Извршниот комитет на партијата и поранешен министер за надворешни работи Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во дневникот на ТВ Сител.

Advertisement

Опозициската партија по средбата на нејзиниот лидер со Ескобар излезе само со кусо соопштение, па прашан од својот домаќин дали на неа имало притисоци од страна на американскиот дипломат, Милошоски истакна дека такво нешто посакувала актуелната Влада.

„Но, напротив, од она што го имавме како дебрифинг од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за една пријателска средба во којашто се разменети многу аргументи. За некои работи се согласуваме за некои работи имаме различни мислења со г. Ескобар, но во суштина целта е иста и заедничка, Македонија да напредува“, рече Милошоски.

Она што е различно, посочи тој, е тактиката како да се стигне до тој напредок – внатре во државата и во однос на интеграциите.

Ескобар, како што рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, го поставил прашањето дали има подготвеност кај македонските пратеници да гласаат за уставните измени, на што му било одговорено дека пратениците веќе ја изразиле својата волја по ова прашање на пленарната седница на 18 август.

„Тактиката како да се стигне до тој напредок во самата држава и во однос на интеграциите е поразлична, затоа што ние сметаме дека за таков напредок предуслов е да имаме ресетирање со демократски избори и избор на нова влада, којашто граѓаните би ја овластиле да ги решава проблемите создадени од оваа власт. Додека тој не ја исклучува можноста и да се направи и друг чекор во смисла дали има подготвеност кај македонските пратеници да гласаат за преземената обврска на Ковачевски кон Софија за уставни измени, при што му беше одговорено дека пратениците веќе ја изразиле својата волја на 18 август по ова прашање и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата нема да поддржат уставни измени под овие околности и под диктат на официјална Софија. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата нема да поддржат уставни измени под овие околности и под диктат на официјална Софија“, рече Милошоски.

Тој, одговарајќи на прашање рече дека Ескобар немал средби со поединечни пратеници од коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ, но не би имале проблем во некоја друга прилика, доколку сака да организираат средба со целата пратеничка група на опозициската партија.

Во врска со пораката што заменик-помошникот државен секретар на САД ја испрати од прес-конференцијата со премиерот Димитар Ковачевски, дека САД ги гледаат како природни партнери оние што се посветени на евроинтеграциите и борбата против корупцијата, Милошоски со дипломатски одговор:

„Оваа изјава ја препознаваме како една искрена порака за еден сериозен однос помеѓу две партнерски држави и тоа е нашата цел, Македонија да биде понапредна држава…И затоа сметаме за да се стигне до основата, Македонија да биде подобра држава од ова што е денес дека првиот предуслов би требало да бидат избори и потоа заеднички и со пријателите од Вашингтон и со пријатели од Европската Унија да работиме на сериозни проекти“

Дали го увериле Ескобар во овие зборови, Милошоски рече дека според него голем дел од меѓународните претставници со кои комуницирале во изминатиот период сфаќаат дека македонската влада во овој момент го има изгубено кредибилтетот кај македонските граѓани и по однос на евроинтеграциите и по однос на внатрешните состојби во државата.

Прашан дали побарале од САД гаранции или влијание врз Европската Унија или врз официјална Софија дека нема да има нови блокади на евроинтегративниот пат, Милошоски вели дека нивните оценки се дека САД имаат интерес темата за проширување на ЕУ да остане жива и да има резултати, но за жал, како што додаде, не сите земји членки на ЕУ го делат истото мислење.

„Денес ќе беше многу поуверливо за Македонија доколку како гостин на Македонија го имавме премиерот или министерот за надворешни работи на Француската Република, да биде тука присутен, да разговараме за ЕУ и да понуди можности за извесен пат на Македонија кон Унијата, бидејќи еден од структурните проблеми на ова барање наметнато од Софија е што Ковачевски, Маричиќ и Бујар Османи прифатиле да сменат Устав само за да се почнат преговорите без притоа да бидеме сигурни дека во следните години нема да имаме уште две, три или четири блокади од Софија“, рече Милошоски.

Во однос на тоа што ќе прават со уставните измени, ако ги добијат изборите и дали нешто конкретно му ветиле на Ескобар околу ова прашање, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие во изборната програма ќе понудат решение кое ќе се заснова на трите нивни барања.

„Нашите барања се прво, да имаме извесен сигурен пат во евроинтеграциите, да нема непредвидливи блокади; второ, Македонија да добие економска поддршка од ЕУ и трето, Македонија да добие од страна на Софија гест или постапка, која ќе значи почитување на македонското достоинство, идентитет, самобитност и историски развој на нашиот народ“,

кажа Милошоски.
Во тој контекст тој додаде дека земјава досега неколку пати направила отстапки, а потоа чекала за возврат да добие нешто.

„Сметам дека треба да бидеме помудри овој пат и да видиме колку другите страни, Бугарија и Европската Унија се заинтересирани процесот на евроинтеграции да биде посериозен и порамноправен за сите и на едно достоинтствено ниво. Македонија не треба да биде лековерна, треба да си ја задржи својата определба за членство во ЕУ, но исто така сериозно да поразговара со факторите во ЕУ дали и тие се сериозни во процесот на проширување“,

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.