Украдена бистата на Цветан Димов од Градскиот парк во Скопје

news
Advertisement

Минатата недела, пак, беше пријавено дека е украдена бистата на македонскиот поет Славко Јаневски од алејата на поетите на кејот на истекот на реката Црн Дрим во Струга
Скопската полиција рано утринава добила пријава дека од Градскиот парк во Скопје е украдена бистата на народниот херој Цветан Димов.

Advertisement

Бистата на Цветан Димов во Градскиот парк во Скопје
„Денеска (28.04.2023) во 7:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов“,

велат од МВР.
Оттаму додаваат дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Минатата недела беше пријавено дека е украдена бистата на македонскиот поет Славко Јаневски од алејата на поетите на кејот на истекот на реката Црн Дрим во Струга.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.