Министерот за правда Лога во посета на Хаг

news
Advertisement

Министерот за правда Кренар Лога, во рамки на дводневната посета на Хаг, денеска ќе присуствува на церемонијата на потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција во Палатата на мирот.

Advertisement

Како што соопштија од Министерството за правда, предвидено е министерот Лога да ја потпише Конвенцијата за меѓународна соработка во истрагата и гонењето на злосторството геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и други меѓународни злосторства.

На настанот најавено е присуство на министри за правда од повеќе од 80 држави во светот.

Утре, министерот Лога ќе оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран.

– Средбата која е иницирана од страна на претседателот Хамран, е во рамки на веќе воспоставената соработка како и разгледување на можностите за повторно покренување на прашањето за упатување на обвинител за врска од Република Северна Македонија во Европравда, информираат од Министерството за правда.

Оттаму, истакнуваат дека именувањето на јавен обвинител за врски од нашата држава во Европравда е еден од клучните предуслови за реализирање на меѓусебната соработка со оваа постојана мрежа на судските власти во светски рамки и обезбедување ефикасност во борбата против прекуграничниот криминал.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.