Министерот Меџити даде „силна поддршка“ за акцијата на Онкологија

news
Advertisement

Силно ги осудувам сите обиди или дејствија на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, изјави тој.

Advertisement

По вчерашниот претрес на скопската Клиника за онкологија, во рамки на предистрага покрената по написи во неделникот „Фокус“, се огласи и министерот за здравство Фатмир Меџити.

Претресот на Онкологија е во рамки на предистрага покрената по написите во „Фокус“, потврди Обвинителството

–Силна поддршка за акцијата на обвинителството и полицијата на Клиниката за Онкологија. Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата – порача Меџити.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *