Мириса на избори, СДСМ веќе се подготвува – член на раководството јавно ги издаде

news
Advertisement

Не дозволуваат предвремени, но сепак, СДСМ се подготвува за избори. Ова е заклучокот од објавата на ексградоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој е дел од раководните структури на оваа партија. Тој, заедно со премиерот и претседател на партијата, Димитар Ковачевски, присуствувале на состанок за координација. Донеле заклучоци каква ќе е стратегијата за да привлечат гласачи.

Advertisement

„Последни координативни подготовки со членовите на тимот за победа во ИЕ 1, пред почетокот на теренските оперативни активности“, напиша Шилегов.

Мандатот на претседателот Пендаровски истекува на 12 мај 2024 година, а на пратениците на 4 август, па кога ќе се вкрстат роковите од Уставот и од Изборниот законик, се доаѓа до заклучок дека тие се совпаѓаат само пет дена што е недоволно за истовремено одржување на изборите за шеф на државата и за пратеници (ако тие се редовни)

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период бараше предвремени избори, додека СДСМ не дозволуваше освен во случај ако не ги поддржат уставните измени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.