„Ништо нема да не раздели“: Елена Ристеска ги спакува куферите и слета во Мајами

news
Advertisement

Нашата позната пејачка Елена Ристеска на Инстаграм објави видео под кое започнаа да се нижат честитки и желби за многу успех. Пејачката ги спакува куферите и замина во Америка, поточно слета во Мајами, најголемиот град во Флорида.

Advertisement

„Мајами, ништо нема да не раздели од сега“ – напиша Елена во описот на видеото.

Засега не се познати конкретните причини за нејзиното заминување, ниту пак дали станува збор за краток или подолг престој во САД, но според описот на пејачката, станува збор за големи планови или проекти поврзани со нејзината кариера.

Неодамна американскиот музички продуцент, пејач, музичар, инженер за звук, Артуо Галварезо, престојуваше извесно време во Македонија, а негов повод беше пријателството и соработката со пејачката.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.