Мицкоски: Груевски нека е жив и здрав, но сценариото на оската СДСМ-ДУИ-дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да помине

news
Advertisement

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ вечерва, одговарајќи на новинарски прашања за преписката со неговиот претходник Груевски рече дека измените на Кривичниот законик биле сценарио што го „подготвуваше оската ДУИ-СДСМ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, за да се обезбеди мнозинство кое ќе ги изгласа уставните измени. Но, она што може да го каже, рече тој, е дека ниту сега, ниту во иднина, додека е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да ги поддржи уставните измени под бугарски диктат
Во врска со наводите дека во ВМРО-ДПМНЕ се случува раскол, Мицкоски одговори дека не само што нема нешто такво, туку дека партијата никогаш не била пообединета. Според лидерот на опозициската партија расколот е на друго место
Прашан за коментар на серијата обвинувања од експремиерот и негов претходник на лидерската позиција на ВМРО-ДПМНЕ, а сега бегалец во Будимпешта, Мицкоски со краток одговор и порака: „Па нека е жив и здрав. Мојата порака до Никола Груевски е дека не би сакал никогаш да им го правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми го прават“
Јас тоа што имав да го кажам поврзано со Никола Груевски го кажав јасно и гласно и нема што повеќе да додадам, изјави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со преписката со неговиот претходник. Сепак, во овој контекст, тој посочи дека е наивно да се верува дека измените на Кривичниот законик биле обични и дека зад нив „има многу повеќе“.

Advertisement

„Ова беше смислено сценарио, најпрвин да се обезбеди мнозинство со коешто ќе се гласаат уставните измени според бугарскиот диктат. Откако видоа дека тоа нема да се случи, бидејќи јасно беше гласањето, оние 44 пратеници од коалицијата, а тоа се сите пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, тогаш она во коешто инвестираше власта или оската СДСМ – ДУИ и дел од поранешното раковдство на ВМРО-ДПМНЕ беше да се спушти потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие би биле најсреќни тој да биде некаде околу 50 пратеника, бидејќи сега знаат дека сме многу блиску до мнозинство во Парламентот и на тој начин при формирањето на идната влада да се уценува ВМРО-ДПМНЕ, да го прифати би рекол бугарскиот диктат“,изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарски прашања во Општина Ѓорче Петров.

Она што може да го каже, рече тој, е дека ниту сега, ниту во иднина, додека е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата нема да ги поддржи уставните измени под бугарски диктат.

„Нема да го прифатам бугарскиот диктат и овие услови коишто ги нуди оваа оска помеѓу СДСМ-ДУИ и дел од поранешното раковдство, сега колумнисти на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа треба на секого да му е јасно дека такво нешто ниту ќе се случи сега, ниту пак во иднина“,рече Мицкоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.