Мицкоски: ДУИ и СДС не бираат средства да избегнат одговорност зошто знаат дека ќе бидат поразени, но нема да избегаат од правдата

news
Advertisement

Таму не се интервенира само во членот 353 туку и во еден друг член кој што третира едно друго кривично дело, а тоа е злосторничко здружување, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија говорејќи за дополнување и изменување на Кривичниот законик.

Advertisement

Loading…
Мицкоски посочи дека на шверцерски начин власта со европското знаменце сака да ја помине оваа измена на законот. И ова е срамен чин на демократијата. Јасна е интенцијата на власта се ближи крајот и не бираат средства за да се заштитат од криминалот што го правеа досега.

-Јас ја разбирам нивната интенција, дека они мислат дека сега се заштитени, но и денес кажав на еден настан не само европско знаме, златно знаме да стават од криминалот кој што го правеле овие шест години и одговорноста за тој криминал нема каде да бегаат, посочи Мицкоски меѓудругото.

Мицкоски додаде дека изминативе повеќе од седум години Македонија поминува низ една голгота. Криминалот на власта е голем и не треба да се помине без одговорност.

-Нити амандмани завршуваат работа, нити постои начин да се сопре оваа работа. Затоа што е злоупотребено европското знаменце. Единствен начин да се побара одговорност е само на избори. Кога ќе дојдат изборите граѓаните да излезат масовно да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, а јас еве ги гледам во очи и велам дека и златно знаме да стават има и други начини и други закони според кои што ќе одговараат за криминалот кој што го правеа изминативе шест години, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.