МИЦКОСКИ ПРЕСЕЧЕ: „Кампови нема да има – точка, СДС шири паника!“

News

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Тема на денот“ на ТВ Сител категорично ги демантираше наводите од британските медиуми дека во Македонија ќе се формираат мигрантски кампови.

„Не, нема вистина. Јас навистина не можам да го разберам неодговорното однесување на СДС кои шират паника и страв кај граѓаните“, изјави Мицкоски, оценувајќи дека ваквите политички игри создаваат непотребна вознемиреност.

Тој потсети дека, според него, претходните влади на СДС воделе промигрантска политика и наведе дека во 2017 година била усвоена Национална стратегија, по што преку надлежното министерство биле испраќани дописи до општините за идентификување потенцијални локации за кампови за интеграција на мигранти.

„Јас не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија, бидејќи ова ќе им се одрази во иднина, а мигранти нема да има“, нагласи премиерот.

Мицкоски порача дека нема никаков договор за прифаќање мигранти и дека додека тој ја води Владата, такво нешто нема да се случи.

Во врска со Резолуцијата што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја доставија во Собранието, премиерот рече дека сите негови ставови се содржани во документот и ги повика пратениците од СДС да ја поддржат.

„Денеска во парламентот доставивме Резолуција со која јасно се осудува неодговорното однесување на опозицијата. Нека ја поддржат“, порача Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *