Advertisement
Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, утрово не дојде на судење за предметот „Титаник 2“. Денешното рочиште беше одложено.
Advertisement
Делото на Мијалков има опасност да застари за четири месеци. Во овој случај покрај Мијалков, обвинети се и четири поранешни членови на Државната изборна комисија. Поранешниот разузнавач не бил спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува казната за „Империја“ по склучена спогодба.
САКАМДАКАЖАМ пренесува дека од судот имал уредна покана.
Advertisement