Нема правда додека не лежат корумпираните судии и обвинители, порача Пендаровски

news
Advertisement

Претседателот Стево Пендаровски во говорот во Собранието, меѓу другото, порача дека нема да има правда се додека се на слобода судиите и обвинителите кои, според него, носат скандалозни одлуки зад кои стојат коруптивни мотиви.

Advertisement

-Државата или ќе ги стави криминалците во затвори од затворен тип или некои од нив и понатаму со пари украдени од народот ќе продолжат градат имиџ на чесни и доблесни граѓани и ќе ги исмеваат сите станати од безбедна дистанца. Не треба да има само апсења за јавноста, туку изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото – рече Пендаровски.

Но, додава тој, истовремено да се почитува пресумпција на невиност, да не ги осудуваме луѓето во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд.

-Но, сите наши напори ќе паднат во вода ако правосудните органи се спогодуваат со ликови за кои целата јавност знае дека со пари од народот ги имаат обезбедено своите сè уште неродени деца и внуци. Нема правда ако нема актуелни политичари во затвор за корупција, меѓутоа нема да има правда и сè додека на слобода се судиите и обвинителите кои носат скандалозни одлуки зад кои верoјатно стојат коруптивни мотиви – кажа Пендаровски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.