Мијалков пред да оди во затвор го прослави раѓањето на внуката! Присутни беа поранешни функционери, спортисти и уметници

news
Advertisement

Поранешниот шеф на тајната служба Сашо Мијалков го прослави раѓањето на својата внука, неколку дена пред да оди во струшкиот затвор, каде ќе треба да одлежи тригодишна затворска казна, јавува ТВ21. На социјалните мрежи се објавени фотографии од забавата во хотел, каде пеела пејачката Тамара Тодевска. На 15 август се роди внуката на Мијалков, а на забавата беа и поранешната министерка за култура, Елизабета Канќевска Милевска, ќерката на Трифун Костовски, Олга Костовска, кошаркарот Перо Антич и манекенката Катерина Иванова. Најстариот син на Мијалков, Јордан, неодамна се ожени со Анастасија, по што за кратко стана татко. Мијалков требаше да оди во затвор на 8 август, за казната во случајот „Империја“, но поради здравствени причини почетокот на казната беше одложен за 22 август, додека од вчеравечерните фотографии Мијалков изгледа добро. состојба на здравјето.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.