Advertisement
Advertisement
Жител на Скопје пред два дена пријавил во полиција дека неговата сопруга го нападнала нивниот малолетен син во семејниот дом, соопшти полицијата во дневниот билтен. „На 11.12.2024 во 14.02 часот во СВР Скопје, 37 – годишен маж пријавил дека на 09.12.2024 околу 12.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, неговата сопруга И.С.(31) од Скопје физички го нападнала нивниот малолетен син. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.
Advertisement