„Младински предизвик“ на 2 март ја започнува својата активност во Тетово!

news
Advertisement

„Младински предизвик“ на 2 март ја започнува својата активност во Тетово!

Advertisement

Во организација на „Младинскиот предизвик“ во Тетово, викендов во хотелот Меркур се организира работилница за предизвиците на младите и нивното активирање во важните општествени процеси.
Во соопштението испратено до медиумите од „Младински предизвик“ тие покажуваат која е нивната мисија и кои теми ќе ги обработуваат на тркалезните маси, обуките и конференциите што се очекува да ги организираат.
Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од соопштението:

Што е младински предизвик?

Младински предизвик е страсна група на млади луѓе кои имаат за цел да бидат нивниот глас во општеството. Преку Младинскиот предизвик планираме да организираме тркалезни маси, обуки и конференции со младите за да ги идентификуваме и да ги адресираме проблемите со кои се соочуваат и пред се да најдеме решенија за нив.
Додека го водиме ова патување, не можеме а да не се сетиме на моќниот цитат од Нелсон Мандела: „Младите се најголемата сила на општеството и оние кои имаат способност да го променат светот се оние кои ја менуваат младоста“.
Да станеме силата што носи позитивни промени во Северна Македонија! Ве покануваме сите да се приклучите на Младинскиот предизвик и да станете дел од ова плодно патување кон подобра иднина.
Придружете ни се на нашето патување за промена и зајакнување на младите!
#YouthChellenge

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.