Млад жител на Демир Хисар почина од Ковид

news
Advertisement

Триесет и шестгодишен пациент од Демир Хисар пред неколку дена починал на Инфективната клиника во Скопје од Ковид 19. Но, негови родини реагираат како што велат, на несоодветниот третман. Сегапочинатиот со почетни симптоми на инфлуенса и ниска сатурација бил префрлен на инфективна во Скопје на 15- ти јануари.

Advertisement

„Го тестираат и излегува позитивен на ковид. Веќе следниот ден му се подобрува сатурацијата и приклучен е на кислородна поддршка. Во средата му ја тргаат кислородната поддршка, дише самостојно. Не беше задоволен од секојдневниот третман на персоналот во клиниката од неместење на леглото правилно, до бушење на вени, не можејки да му најдат вена. Сакаа да му закажат бронхоскопија во недела, кога беше се супер, се чуствуваше здраво, кога по неколку часа да се јават дека починал“, вели Александар Ивановски, родина на починат пациент.

Од Министерството за здравство велат дека на Клиниката за инфективни болести работат искусни професионалци, кои посветено и професионално работеле за време на пандемијата.

„Од клиниката известуваат дека во врска со пациентот, сите пациенти независно од нивната дијагноза, се третирани и негувани професионално. Изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата кои ја изгубиле битката со болеста, независно на нивната дијагноза и возраст. На последниот извештај од комисијата за квалитет, од клиниката известуваат дека нема ниту една поплака од хоспитализиран пациент, ниту од амбулантски прегледан пациент“, наведоа од Министерството за здравство.

Александар вели дека неговиот роднина бил спортист кој немал никакви пороци. Инаку нови 1.675 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип се пријавени во земјава во третата недела од годинава, што е за 41,7% повеќе во споредба со претходната седмица, соопшти Институтот за јавно здравје. Вкупниот број на случаи оваа сезона изнесува 5.175. Во споредба со истиот период од минатата сезона, се бележи зголемување од 22,3%, а во однос на последните 13 сезони има раст од 34,6%. За еден месец битката со грипот ја изгубиле 6 лица. Се очекува пикот да биде наредната недела.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.