МНОГУ МЛАДИ СЕ ИСЕЛИЈА: Може ли Македонија да ги врати назад оние кои заминаа во странство?

news
Advertisement

Проценките се дека повеќе од 77.000 млади луѓе од Македонија заминале во странство последните години.

Advertisement

За шест проценти се намалил бројот на младите меѓу двата пописа од 2002 до 2021 година. Граѓаните велат дека многу работи треба да се сменат во државата за да се вратат oние кои се иселиле. Засега тоа сценарио им изгледа како невозможна мисија.

„Тоа многу тешко ќе се оствари. Луѓето се навикнуваат на поубав живот, на повеќе пари. Јас не познавам луѓе кои се отселиле, потоа да се вратат, освен оние кои веќе влегле во пензија и доаѓаат тука за да уживаат со тие пензии“, рече Снежана Мирчевска, граѓанка.

Според граѓаните, потребни се повеќе работни места и поголеми плати.

„Тешко, освен ако се променат многу работи во државата, да се донесат инвестиции, да се зголемат платите, да се направат патишта, да се подобри стандардот“, вели Зорица Марковска, граѓанка.

Не само младите, туку и повозрасните не гледаат светла иднина овде.

„И јас да можам и јас ќе отидам во странство, затоа што со овие пари не се издржува. Работа треба да има, ама работниците да се подобро платени“, додава Струмка Николовска, граѓанка.

Мeтодија Стојчески од Младински сојуз Крушево објаснува дека пазарот на труд е променет во Македонија, платите се зголемени затоа што нема работници, но тоа не е доволно. Вели дека ако пред 10 години се говореше за младинска невработеност, сега нема работници. Тој наведе примери од други земји каде имало процес на враќање на младите. На оваа тема размениле искуства со нивните колеги.

„Во Полска, Литванија, Естонија, младите кои пред 15 години заминале во Британија, потоа се вратиле со своето искуство, вештини, капитал, но откако во нивните земји платите достигнале околу 70 отсто од оние во Британија. Нормално дека повеќе им се исплати да живеат во својата земја, каде и трошоците се пониски. Кај нас гледаме дека младите најчесто се иселуваат во Германија. Кога ние би го достигнале тоа ниво со платите, можеме да зборуваме за обратен процес“, рече Стојчески.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.