Момче пронајдено мртво во зграда во Буњаковец

news
Advertisement

Тело на починат млад човек на возраст од 20 до 25 години, е пронајдено во зграда во скопската населба Буњаковец, соопшти полицијата.

Advertisement

„На 26.08.2022 во 23.55 часот било пријавено дека во зграда на улицата „Дане Крапчев” во Скопје било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 20-25 години. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт“, се вели во соопштението.

Полицајци излегле на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.