Монструмот го објави со слика: Ќерката на претепаната неготинка со потресно сведоштво

news
Advertisement

Јавно сакам да го објавам МОНСТРУМОТ кој ноќта на 02.08.2022 влегол во домот во кој живеевме со мајка ми, ѝ нанел тешки повреди на черепот и мозокот, воедно имаше и внатрешно крварење по рацете и градниот кош.

Advertisement

Цели два часа се иживувал, па повикал итна медицинска помош, во коматозна состојба била префрлена во опшата болница Кавадарци каде ѝ била укажана максимална помош за опстанок во живот.. Се бореше, бидејќи таа беше жена борец, од таму била префрлена во државна болница Скопја на одделение-КАРИЛ каде што ѝ направиле операција на главата.Јас бев надвор од градот кога утрото во 06:30 часот не’ известија соседите за настанатата ситуација, па по еден час не’ известија и од полициската станица. Цели четири дена беше приклучена на апарати, се бореше до последниот здив бидејќи имаше страшна повреда од МОНСТРУМСКИ раце, таква повреда до сега не е направена од сообраќајна незгода.

Но, за жал не издржа.. Кога се јавив во болница дента на 06.08.2022 ме известија дека состојбата е влошена за да по два часа ми се јават и изразат сочувство. Болката и тагата е неизмерна, таква борбена мајка се раѓа еднаш на 100 години

Па, драги мои жени, апелирам до сите вас не плашете се од никој затоа што ниту еден маж не е повеќе од вас, вашите мајки не ве носат во стомак 9 месеци и не ве растат за кога ќе станете самостојни жени некој да се иживува со вас.. Помислете на најлошото што може да го стори, бидејќи од вакви гади си патиме. А тебе ПЕТРЕ НЕСТОРОВ бог да ти суди!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.