Морбидни детали за убиството во Кочани: Тивко страдала, била уценувана, земала кредити за да му дава на убиецот кој ја уценувал

news
Advertisement

Танкица речиси и да немаше живот, вели нејзина пријателка од работното место, која била единствената што знаела за тортурата низ која минува. Била принудена да зема кредити за да му дава пари на Усеин, поранешен колега од текстилната фабрика, кој ја уценувал со наводно компромитирачки фотографии, пишува „Призма“ во деталното истражување.

Advertisement

Седум години не се доверила никому. Тивко страдала, стравувајќи од осудата од околината и од реакцијата на најблиските. Од она што го слушнавме во разговорите со нејзините сограѓани во Кочани, десет дена по убиството, се чини дека стравот и тоа како ѝ бил оправдан.

Кај кочанци речиси и да не наидовме на емпатија за жената што беше свирепо убиена на улица.

„Не требало да ја убие, ама веројатно и таа го испровоцирала“, ни рече една пензионерка што ја сретнавме во Кочани.

Танкица дури во мај годинава ѝ се доверила на колешката, откако ѝ нашле проштално писмо на работа, го оставила кај машината за шиење.

„Или ќе се убијам или ќе ме убијат“, пишувало.

На самоубиство помислила кога Усеин ѝ побарал дополнителни 5.000 евра.

Тогаш ништо не се случило, меѓутоа откритието на писмото ѝ овозможило на Танкица да открие дека била уценувана и оти Усеин постојано ја демнел. Се доверила само на жена со која работела во една кочанска конфекција.

Нејзиниот убиец, некогашен колега со кого сѐ уште не е јасно каков однос имала, според зборовите на пријателката ја терал да носи посебен мобилен телефон, кој речиси цело време бил вклучен за да ја слуша. Ѝ забранувал да оди на Нова година и на слични прослави, за да не троши пари.

Извор: https://skopje1.mk/archives/252416

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.