Коњановски: Битола стана почист град, над 13 улици комплетно завршени

news
Advertisement

Согласно програмата која ја доставивме до Советот и до граѓаните уште во предизборието меѓутоа и како наша изборна програма интензивно се работи, а тоа можат и граѓаните секојдневно да го видат на реализација на проектите. Пред се во оваа прва година од мојот мандат насочени сме кон инфраструктурните проекти, рече на прес-конференција градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Advertisement

-Да кажам дека за овој дел, за капитални инвестиции и за инфраструктурата предвидени се вкупно од предвидените над 400 милиони денари, а 240 се веќе реализирани и исплатени. Значи голем дел од тие проекти се завршени, така да тој проект 23 улици кој го ветивме на граѓаните, 13 се комплетно реализирани, а во моментов се работи на 8 улици меѓу кои и оваа „Наум Наумовски – Борче“ на која денес се наоѓаме. И уште две се во постапка на отворање. Сакам да кажам дека интензивно во одделенијата на Општината се работи за изготвување на планската документација за изработка на нов проект за 30-тина улици кои ќе се за идната година. Точно се лоцирани, според нашите сознанија, според барањата на граѓаните. Така да следната година продолжуваме со исто, ако не и појако темпо. За дел од нив се прави планска документација, а дел тендерска документација веќе се отвора, така да веќе имаме точно што да работиме. Да напоменам дека исто така се работи и знаете дека тече уште јавниот повик за идејно решение за спортскиот комплекс, во изработка е планска документација за противпожарната станица која ја планираме во Битола и низа други проекти. Тука е прифатилиштето за бездомни животни кој ни е еден така актуелен проблем во градот, очекуваме во текот на денешниот ден посета од Агенцијата за храна и ветеринарство со кој ќе уедначиме некои работи. А, во делот на другите активности кои ги имаме во делот на проблемите со зголемените цени на електричната енергија направивме да кажам една врста на менаџирање така да мислам дека ќе се намалат трошоците. Тоа е добробит и бенефит за сите граѓани на Битола. Во делот на културата, образованието веќе сме во измакот на Бит Фест, за два дена го имаме и поточно утре го имаме и завршниот концерт со меморија. Во делот на образованието интензивно работиме и имаме увид во сето она што треба во основното и средното образование. Вчера успешно започна првиот ден на новата учебна година, оваа година со 873 првачиња, само 44 помалку од минатата година. Се надевам дека идната година бројот ќе биде зголемен. Работиме на енергетска ефикасност и имаме три проекти во однос на сега за сега на образованието. Тоа се работи за основното училиште „Даме Груев“, за кој за малото училиште, како што најавив вчера во тек е изработка на проект. А, со готов проект за централното училиште „Даме Груев“ веќе имаме аплицирано во една од странските амбасади, истакна Коњановски.

Тоа би било во главно сега, интензивно се работи, тука се и јавните претпријатија кои се потпора апсолутно на Советот и тие се вклучени во инфраструктурата и изработката на комплетна санација на оние улици кои ги работиме. И јавното претпријатие „Водовод“, „Нискоградба“, „Комуналец“ ја врши својата дејност. Мислам дека градот е почист од било кога, тоа граѓаните можат да го видат. Меѓутоа има простор за уште работа и јас мислам дека многу поинтензивно ќе работиме, додаде тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.