МП: Уставниот суд укина три правилници, а поведе постапки за осум прописи за кои беа поднесени иницијативи од министерот Лога и МП

news
Advertisement

Во врска со 20-те иницијативи кои беа доставени до Уставниот суд за поведување постапки за оценување на уставноста на повеќе прописи објавени во спротивност со членот 52 од Уставот, од страна на Уставниот суд донесени се Одлуки со кои се укинати 3 Правилници за кои од страна на судот е “оценето дека при објава на истите недвосмислено произлегува дека е пречекорен уставниот рок за објавување предвиден во член 52 од Уставот, односно од страна на судот е оценето дека оспорените Правилници не се во согласност со членот 51 и членот 52 од Уставот”.

Advertisement

Oд страна на Уставниот суд донесени се и решенија со кои се поведени постапки за оценување на уставноста на 8 прописи за кои беа поднесени иницијативи, а во кои судот оценил “дека е пречекорен уставно пропишаниот рок од седум дена за објавување во Службен весник на Република Северна Македонија поради што основано се поставува прашањето за уставноста на овие прописи односно нивната согласност со членот 52 од Уставот”.

Воедно, Министерството за правда и Министерот Лога ја поздравуваат објективноста и ефикасноста на Уставниот суд во врска со овие прашања.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.