Невреме во Бугарија, две лица загинаа, прекини на електрична енергија и блокирани патишта

news
Advertisement

Две лица ги загубија животите во невремето што зафати големи делови од Бугарија, при што силните ветрови, дождот и снегот предизвикаа сериозни штети и го прекинаа снабдувањето со електрична енергија на градовите и селата, соопштија денеска властите.

Advertisement

Жители на источна Бугарија, која беше најтешко погодена од невремето, велат дека никогаш не доживеале вакво невреме.

Во Варна, град на Црното Море, е прогласена вонредна состојба, а властите предупредија дека невремето претставува ризик за жителите.

Во тој град дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија, а патиштата блокирани.

Полицијата синоќа соопшти дека еден маж загинал откако неговото комбе удрило во паднато дрво на главниот булевар во Софија, додека една жена настрадала во Варна кога врз неа паднала гранка.

Бугарските метеоролози денеска издадоа предупредувања за опасно време за поголемиот дел од источна Бугарија, со удари на ветер до 125 километри на час. Се очекува обилните врнежи од дожд да преминат во снег поради падот на температурата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.