МТСП откри колку ќе биде новото мартовско покачување на пензиите

news
Advertisement

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија од март 2022 година за новата методологија за усогласување на пензиите со мартовската исплата пензиите ќе се зголемат за 8,4%. „Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за пресметката на усогласувањето на пензиите се зема растот на трошоците на живот и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите. Усогласувањето на пензија се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%.“, велат од МТСП.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.