Популарниот пејач Јоце Панов, кој годинава одбележа 25 години музичка кариера, ја израдува својата публика на еден посебен начин. На својот YouTube канал објави видео од незаборавниот концерт одржан на 8 март во Македонската филхармонија — вечер што публиката ја памети по моќните емоции, гламурозната сцена со големи ЛЕД екрани и магијата на симфонискиот оркестар.
Овој концерт е особено емотивен бидејќи тоа беше и последниот настап на покојната Сара Пројковска како придружен вокал, со која Јоце ја делеше сцената цели две децении.
Концертот можете да го погледнете во видеото:
А што следува? Од ПР тимот на Панов откриваат дека тој веќе подготвува нов летен хит, кој наскоро ќе добие и свој видео запис. Паралелно се работи на есенската турнеја низ градовите во Македонија, а за пролет се планираат настапи и пред дијаспората.