Му дале пари за да ги вработи: Три лица од Свети Николе, Битола и Демир Хисар измамени

news
Advertisement

На 13.12.2022 во СВР Битола, 33-годишно лице од Свети Николе, со живеалиште во Битола, 46-годишник од демирхисарско село и 48-годишник од битолско село пријавиле дека биле измамени од лицето В.М. од с.Горно Оризари, битолско.

Advertisement

Според пријавеното, во јуни, јули и септември 2021 тие стапиле во контакт со лицето, при што тој им ветил дека ќе посредува за вработување на членови од нивните семејства во Битола.

Како што е пријавено, за услугата тој им побарал паричен надомест, по што му дале пари, но не го реализирал ветеното и до денот на пријавувањето не им ги вратил парите.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.