Над 100 прегледи на деца за едно дежурство – Енормно зголемен бројот на пациенти во болницата „Козле“

news
Advertisement

Скоро исполнет капацитетот во детската болница Козле и тоа најчесто со деца до четири годишна возраст.

Advertisement

„Приливот на пациенти енормно расте. Над 100 е бројката кои доаѓаат на преглед само на дежурство.Сабота и недела е зголемен бројот. Од понеделник до петок не ги рачунаме. Зголемен е бројот момнетално лежат 86 мајки и деца заедно. Едно е само Ковид кое денеска го пуштивме“, вели педијатарот д-р Драган Дачевски.

Кашлање, пораст на температура, секреција од нос ова се симптомите со кои најчесто доаѓаат децата во болницата во Козле. Во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како „кучешко лаење.“ Кашлицата почнува обично кај 23 часот, па до раните утрински часови- објаснува д-р Драган Дачевски ,педијатар.

д-р Драган Дачевски ,педијатар

„Доминира сега пневмонија кај децата. Кај оние помалите по година година и пол бронхолитите има опција и на пронхоспаза и воспаленије на самите дишни патишта“, вели Дачевски.

Ова се причините според д-р Дачевски за здравствената состојба кај децата.

„Поголемото дружење на родителите особено кога е вака убаво времето групација има и на деца и на родители. Треба да внимаваат со кого се дружат, да не бидат тоа деца кои поткашлуваат на кои им тече носот, бидејќи родителите тоа некогаш го сфаќаат како нормалнмо. Има промена на температирите штом ќе зајде сонцето е ладно. Наутро за во училште и градинка треба да бидат топло облечени“, додава тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.