Над 40 илјади дијабетичари за 9 месеци дале 200.000 евра за ленти за мерење шеќер кои државата мора да им ги обезбеди

news
Advertisement

Дискриминирани, понижени и девет месеци оставени на милост и немилост сами да се снаоѓаат. Кој и како ќе ја надомести огромната материјална штета, страв, нервози и неизвеснот на над 40 000 дијабетичари кои од почетокот на годината досега се без ленти за мерење на шеќерот во крвта и глукомери и им е нарушено уставното право на здравствена заштита.

Advertisement

Овој долг период потрошиле стотици илјади евра од свој џеб а ако нема редовно мерење на гликемијата можат да настанат сериозни компликации по здравјето. Сега спасот го бараат кај народниот правобранител кој треба да ги заштити од штетите предизвикани од здравствените власти. Следниот чекор е заедничка тужба за надомест на штета.

-Значи едно семејство каде има двајца дијабетичари досега потрошиле 72 000 денари и тоа зборам за тип два, тип 1 уште повеќе, или досега според наши груби пресметки неофицијални, досега околу 200 000 евра сме и заштедиле на државата …затоа со тбата очекуваме да ни биде надоместено тоа или во ленти или враќање на парите, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на дијабетичари.

Дијабетичарите велат ова е првпат во независна Македонија толку долг период да се оставени без ленти и глукомери. Проблем биле тендерските процедури, но тоа не треба да биде проблем на дијабетичарите кои само сакаат да им го вратат мирот и спокојот а не да бараат и молат по социјални мрежи кој има повеќе ленти за позајмување.

-Ќе се обратиме со Комисијата за дискриминација бидејќи ние веќе подолго време зборуваме дека сме дискриминирани. Исто така планираме да се обратиме и со собрание до комисијата за заштита на човекови права и да побараме надзорна расправа за случајот со дијабетичарите во Македонија, вели Велев.

Бидејќи набавката на ленти, глукомери и инсулин е преку програма на Министерството а не преку Фондот, дијабетичарите неможат да ги рефундираат средствата што ги дале од свој џеб.

Алармираат дека е крајно време да биде решената состојбата со оваа голема група на граѓани во државата и да бидат заштитени нивните права и здравје.

Извор: https://sitel.com.mk/nad-40-iljadi-dijabetichari-za-9-meseci-dale-200000-evra-za-lenti-za-merenje-shekjer-koi-drzhavata

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.