Наместо за платите во ЈСП, дискусија за телефонот на Славески: Пинот е 220960, отклучете, видете

news
Advertisement

Советничката Ирена Витина, која во ноември лани го напушти ВМРО-ДПМНЕ и остана да дејствува како независна советничка во Советот на Скопје, пак се скара со претседателот на Советот, Трајко Славески. Таа посочи дека тој нема концентрација и куца на телефон, односно дека добива инструкции.

Advertisement

Славески ѝ го понуди телефонот таа сама да се увери дека тоа што го кажува не е точно и да го задржи кај неа. Таа одби. Потоа Славески отиде на говорница и го кажа пинот и пак го понуди телефонот.

„Пинот е мојот роденден, 220960.. Користам Вибер, Телеграм, Сигнал. Ќе го оставам телефонот тука, се заклучува на две минути, отклучете го“, кажа лавески.

Потоа, тој кажа дека не се правда. А Витина врати: „Сега не ви ѕвонат, таква е насоката, а постапувате како ќе ви кажат“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.