На 23.12.2023 во 02.58 во СВР Штип е пријавено дека во 02.35 часот во угостителски објект во Штип, Ј.Ј.(22) бил физички нападнат од М.Т., двајцата од Штип. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок. Според информации на М Нет телевизија нападнат е член на Црвена младина.
Во телефонски разговор, Јован Јанев истакна дека физички бил нападнат од директорот на штипскиот затвор. Повеќе информации најави за во понеделник. По социјалните мрежи веќе кружи и лекарско уверение со повреди од тепачката.
Извор. https://infomax.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%bd%d0%b0%d1%82-%d1%87%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d1%83%d0%b3%d0%be/?fbclid=IwAR0EE1aVwj7pOJIKGVw1jF55SkIZaISuZxBpeSRZdDVKkU47QxsilCAdLxw