„Тепачка“ за бесплатни пакетчиња во Гази Баба

news
Advertisement

Тепачка“ за новогодишни пакетчиња имаше вечерва на плоштадот во Автокоманда на предпразничниот фестивал за деца што го организираше Општина Гази Баба.

Advertisement

Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека заградениот простор во кој биле доделувани бесплатните подароци буквално се претворил во арена со нагмечувања и губење на воздух.

Поучени од минатата година, оваа беше одлучено да се загради просторот каде што се делеле пакетчињата, но стотици луѓе притискале од надвор во обидот да влезат.

Лани граѓани се жалеа дека нивните деца не ги добиле бесплатните пакетчиња, затоа што тие што дошле најпрво грабнувале по неколку.

Според програмата на општината, како и според она што го најави градоначалникот Боби Стевковски, секое присутно дете треба да добие предновогодишен подарок.

„Поделивме 3500 новогодишни пакетчиња, секое детенце кое беше вечерва на плоштадот во Автокоманда во својот дом си замина со пакетче“, информираше подоцна Стевковски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.