НАРОДОТ ВРИЕ И ЌЕ ЈА КАЗНИ ОВАА ВЛАСТ Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник

news
Advertisement

Мицкоски укажа дека процентите за доверба во ВМРО-ДПМНЕ се од 100 проценти. Оттука додаде тој, ако од милион и осумстотини имаме 20 проценти и ако излезноста е околу 50 проценти значи дека ВМРО-ДПМНЕ може многу лесно да дојде до тој 61 пратеник.

Advertisement

Бројките кои ги имам јас и се дел од партиските мерења јасно покажуваат дека има простор за раст и јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори може да дојде и да се надева на една таква победа, односно од 61 пратеник, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата „Само интервју” што се емитува на Канал 5.

Мицкоски укажа дека процентите за доверба во ВМРО-ДПМНЕ се од 100 проценти. Оттука додаде тој, ако од милион и осумстотини имаме 20 проценти и ако излезноста е околу 50 проценти значи дека ВМРО-ДПМНЕ може многу лесно да дојде до тој 61 пратеник.

– Тоа ни е многу важно за да ги реализираме целите. Власта пак е онаа која на дневна основа и нејзината работа е пред судот на јавноста. Власта е таа која на дневна основа води политики кои или се добри или лоши или народот тоа го гледа. Доколку водите политика која е погрешна поддршката добиена на избори паѓа. Тоа е случај со СДСМ. Луѓето гледаат дека не е испорачано и тие се под нивниот историски минимум, а ВМРО-ДПМНЕ се консолидираше – кажа Мицкоски.

Според него тоа е и основна задача на опозицијата.

– Консолидирање на своите гласови е основна задача и тоа го констатирате со тоа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е константен. И на избори опозицијата дава своја понуда и тогаш тој рејтинг или оди нагоре или ако понудата не е добра за бирачите оди надолу – кажа Мицкоски.

Тој во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5, потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предложи две опции за изборите.

– Едната опција е да биде 24 април првиот круг претседателски, односно 8 мај втор круг претседателски и парламентарни избори. Ова би значело почеток на кампања на 4 април или техничка влада некаде на 29 јануари. Вториот предлог беше доколку се изборите предвремени, 31 март да биде првиот круг претседателски, а 14 април втор круг претседателски и парламентарни избори, што би значело некаде на 11 март да имаме почеток на кампања. Ние сме подготвени по било која од овие две опции да одиме. Јас сум загрижен дека Ковачевски во оваа негова мачо игра тој да биде главниот ќе се предомисли и повторно ќе прави политички гимнастики – рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека ја препушта иницијативата на премиерот Димитар Ковачевски, ова да биде негов предлог, само да може веќе официјално да се затвори ова прашање.

Мицкоски смета дека е многу важно да има успешен претседателски круг, во кој ќе избереме претседател.

– Според мерењата на јавното мислење, оној кандидат кој ќе го предложи ВМРО-ДПМНЕ ќе биде иден претседател, но зошто да не заедно со граѓаните да направиме уште еден историски подвиг а тоа е од позиција на опозиција, политички субјект да освои 61 пратеник – додаде Мицкоски.

Тој не откри кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата и најави дека таа одлука ќе биде донесена наскоро на партиска конвенција. За тоа дали тоа може повторно да биде професторката Гордана Силјановска Давкова, Мицкоски рече: „никогаш не вели никогаш“. За праламентарните избор, пак, потврди дека тој ќе биде носител на кандидатската листа во Изборната единица 1.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета и дека нема потреба од формирање предизборна техничка влада. Според него, понижувачки е партијата ДУИ која, како што наведе, е во центарот на бројни скандали да номинира премиер. Друга причина зошто нема потреба од техничка влада, е тоа што земја која сака да биде дел од ЕУ треба да покаже дека е зрела, вели Мицкоски. Подготвени се да прифатат промена на законот со што би се отфрлила одредбата за предизборна техничка влада.

Мицоски смета дека треба да се избере влада со политички легитимет добиен на избори.

Прашан дали ВМРО-ДПМНЕ има коалициски капацитет да привлече некоја албанска партија, тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво во неколку општини веќе е во коалиција со политички субјекти на Албанците.

За коалицирање, како што посочи, ќе се разговара откако ќе бидат познати изборните резултати.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.