Наскоро бесплатен интернет на Западен Балкан

news
Advertisement

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји денеска во Тирана изјави дека од земјите во регионот наскоро очекува да се договорат за бесплатен интернет на јавни места.

Advertisement

На завршната конференција по Самитот на лидерите на шесте земји од Западен Балкан, тој рече дека времето за чекање за влез во Европската Унија (ЕУ) поминало.

„Потребно е учество на регионалниот пазар, каде државите би можеле да се натпреваруваат. Потоа ќе биде тешко да се тврди дека ЕУ не е подготвена за прием на нови членки. Ако сакате да бидете третирани како дел од ЕУ, тогаш мора да ги третирате и државите од регионот како такви“, рече Вархеји.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.